25.9.2012

Октомвриска револуција


Октомвриската револуција е втората фаза на Руската револуција од 1917. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренле руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки заедно со меншевиците, левите социјалисти и анаристите. Оваа револуција била првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.
На почетокот, овој настан се нарекуваше Октомвриско востание или Востанието од 25-ти, на пример, во првите изданија на севкупните дела на Ленин. Неговиот официјален назив, Голема октомвриска социјалистичка револуција потекнува од прославата на 10-годишнината од револуцијата во 1927.
Резултатот од револуцијата било воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.
Почеток на октомвриската револуција
Името Голема октомвриска социјалистичка револуција било официјално за оваа револуција од 1927 година, кога биле прославени десет години од нејизниот успех. Денеска, ова име главно се користи од страна на руските комунисти. Името Црвениот октомври исто така бил користен за да се опишаат настаните од тој месец.
Текот на револуцијата
На 23 октомври 1917 година, болшевичкиот лидер Јан анвелт ги повел своите левичарски револуционери во Талин. На 25 октомври Владимир Ленин ги повел своите сили кон Петроград. Нередите во Петроград биле проследени со мал број на жртви. Болшевиците ги зазеле владините објекти со мал отпор пред конечниот напад на Зимскиот дворец во ноќта меѓу 6 и 7 ноември. Нападот бил предводен од страна на Владимир антоноц-Освенко, а Зимскиот дворец бил под контрола на Козаците. Дворецот бил заземан во околу 2 часот наутро. Датата 7 ноември е земан како официјална дата на Октомвриската револуција. На седницата на ЦК на Болшевичката партија одржана на 23 октомври била донесена одлука да се крене востание на денот на отворањето на Вториот серуски конгрес на советите. На конгресот, „за” гласале десет членови, „против” гласале два члена (Лев Каменев и Григориј Зиновјев), а отсутни биле единаесет членови. 

-Болшевиците на 19 јануари 1918 година го распуштиле Собранието и ја зацврстиле својата власт.