23.2.2013

Есејско прашање Мојот живот во Македонија за време на Втората Светска војнa

“Чекај!” - одрекна мојот глас пред сите. Сите глави беа свртени кон мене. Во тој момент успеав и да го привлечам вниманието на сите присутни сред село, туку и да се изгубам некаде со моите мисли…
Сеуште не можам да верувам што се случи во последиве неколку години… Па започна војна, ете што се случи! На само 16 години успеав да видам се што човек не треба да го види на овој свет. Знаете ли што се случи со мојата татковина? Ја окупираа, и тоа околу 6 април 1941 година и ја поделија на парчиња како некое колаче или пак обичен лист од учебникот по историја помеѓу Италија, Германија и Бугарија. Овие окупатори навистина си играа со нашите животи. Имам или имав другарка во Скопје, сеуште не сум сигурна. Пред некое време ми пишуваше како економски и физички ги ограбувале, вршеле психички терор… Не само тоа, туку вршеле и денационализација и асимилација. Го вовеле бугарскиот јазик во училиштата и што уште не… Не можев, а да не заплачам, читајќи го ова писмо. Имав и уште еден другар од Прилеп. Тој пак учествувал на кревањето на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор на 11 октомври 1941 година. Тогаш бил формиран Прилепскиот партизански одред, во кој влегла и прилепската чета. Се радував за него што одлучил да ја спаси нашата татковина, бидејќи секогаш мислев дека се зароби во светот на дрогата и цигарите. Во тој период, односно на 18 август, на познатата Славеј Планина бил формиран одредот Мирче Ацев. Овој ден знам дека ќе остане запаметен во историјата на нашиот народ. И ова се доведува до враќање на моите мисли во сегашноста…
Еве ме, сред моето родно Сливово, гасни и јасно барам дозвола, не, всушност се наметнувам да одам со нив како единствен член на Првата македонско-косовска бригада, која пак влегла како член во Февруарскиот поход. Тој се одвивал во многу тешки услови, што доведува тој брзо да се растури.
Да, јас сум и ќе се борам за татковината. И така беше се додека еден сребрен куршум не ме погоди в срце. Не жалам што умрев за неа, но жалам што не ја дочекав есента 1944 година, кога мојата Македонија беше ослободена.



Александра Гаврилоска