24.11.2012

Есејско прашање

                                                 Македонија меѓу двете светски војни




    Во учебникот за седмо одделение по историја наидов на едно многу смешно прашање "Што е војна и какви се последиците?". Па секако дека тоа е нешто неопишливо и самите солзи се одговор. Верувајте ми јас тоа го научив на потешкиот начин. Една помисла ме врати назад во минатото помеѓу двете светски војни.
    Родена сум во Македонија, Македонка се додека Србија, Бугарија, Грција и Албанија ја искинаа како страница на некој дневник и ја присвоија Јужна Србија, така се викаше мојата старо нова татковина. Семејството, пријателите, целиот македонски народ секојдневно се среќаваше со проблеми од социјален, политички, економски и национален карактер. Се вршеше денационализација и асимилизација каде и да погледнеш. Во училиштата беше воведен јазикот на соседните држави, се вршеше колонизација и што уште не...Не јас ова не можев да го издржам па токму пред да се запишам на факултет се емигрирав во Бугарија. Најмногу беа преселени таму и тие сами имаа формирано друштва употребувајќи го името на ВМРО. Така беше Привременото преставништво, ВМРО Обединета, Автономистичка ВМРО, Илинденско друштво и многуте братства во Бугарија. Работев како курир, па имав контакт со повеќе од националното ослободително движење, а сите се потпраа врз мојата платформа за создавање на Автономна Македонија со своја сопствена нација и јазик, односно Македонија да стане самостојна, автонимна и федеративна единица во рамките на Балканската Федерација. А Балканските земји имале различни одговори на тоа национално ослободително прашање. Еден од многуте мудри луѓе што ги сретнав таму беше Методија Шаторов- Шарло. Како член на комунистичката партија, се залагаше за Македонска сопствена држава со свој сопствен јазик и своја нација. Целата македонска емиграција, односно целиот народ во и надвор од државата свати колку е важно да се афирмира македонската национална свест преку јазикот, односно литературата, весниците (Искра и Билтен), сликарство и музиката. Се појавиле многу македонски писатели како Кочо Рацин, Коле Неделковски, Венко Марковски, Антон Панов, Ристо Крле и многу други. Конечно се вратив во Македонија, односно во Јужна Србија и станав член на МАНАПО- македонско народно движење на студентите. Имавме четири главни цели: будење на македонската национална свест, афирмација на македонскиот јазик, демократизација на земјата и ликвидација на големосрпската и другите хегемонии.
              Сега го знаете одговорот на тоа смешно прашање, преживеав толку многу, а никој не се сеќава на мене. Јас сум ништо, јас сум ветар.

                                                                                                 Александра Гаврилоска VIII-4

                                                                                            

19.10.2012

Членови на историска секција


Ева Ристова
Јована Недеска
Јана Василеска
Климентина Коваческа
Маја Групчева
Искра Зафироска
Јована Цветкоска
Ива Томевска
Тијана Костовска
Мила Иваноска
Емилија Ракичевиќ
Мартина Слатинова
Виктор Јолакоски
Петар Мурџоски
Сара Котели
Емилија Маркоска
Маја Пешликоска
Дона Трајкоска
Мартина Аврамоска
Виктор Чачор
Сара Паункоска
Мартина Гугоска
Дарко Слатинец
Филип Николоски
Даниел Мојсоски
Бисера Николовска
Сашка Фанкоска

Членовите на историската секција во сабота (20.10.2012) ќе извршат посета на Музејот на македонската борба и Музејот на Холокаустот во Скопје.

                        20.10.2012

Посета на Музејот на македонската борба и Музејот на Холокаустот

5.10.2012

Фашизам


Фашизмот е радикална политичка идеологија и државно уредување на екстремната десница што комбинира елементи на корпоратизам, авторитаризам,национализам, милитаризам, анти-анархизам, анти-комунизам и анти-либерализам.
Оригиналното фашистичко движење се појавило во Италија во 1919 (Fasci di combattimento - Боречки фаши) и владеело со земјата од 1922 од 1943 под водството на Бенито Мусолини. Ова е всушност потесното значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.
Со време генеричкиот термин фашизам почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по Првата светска војна се: во Германија - Национална Социјалистичка Германска Работничка Партија(Нацисти) под водството на Адолф Хитлер, Унгарија - Партија на Стрелестиот Крст, Романија - Железна Гарда, Шпанија - Фалангисти, како и француските политички движења предводени од поранешните социјалисти - Марсел Деа, Жак Дорио и други. Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната моќ, економијата базирана на големите корпорации, авторитарното укинување на граѓанските права и слободи, воведувањето на полициска држава, ксенофобијата, истакнувањето на националистичкиот дух и општо, реакционерната внатрешна и експанзионистичката надворешна политика. Понекогаш фашизмот се употребува како синоним на нацизмот. Некои автори ја отфрлаат пошироката употреба на терминот фашизам или исклучуваат некои од овие партии и режими.
Фашизмот, наспроти либералистичкиот индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, заговара воспоставување на заедница како услов и облик на совладувањето на кризата. Заедницата е единствена, органски расчленета држава (италијански фашизам) или единство гарантирано со крв и земја (германски фашизам). Единството на нациите се воспоставува со крвната чистота на истата. Сите разлики (културни, верски, политички и сл.) треба да се укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето темелот на заедништвото. Теророт е легитимно средство за постигнување на "заедништво".
Во најшироката смисла на зборот, во политичкиот лексиокон, "фашизам" денес се користи како пејоративен термин со кои се етикетира некој режим, институција или поединец како репресивен.


Секира во сноп прачки,
симбол на фашизмот

25.9.2012

Октомвриска револуција


Октомвриската револуција е втората фаза на Руската револуција од 1917. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренле руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки заедно со меншевиците, левите социјалисти и анаристите. Оваа револуција била првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.
На почетокот, овој настан се нарекуваше Октомвриско востание или Востанието од 25-ти, на пример, во првите изданија на севкупните дела на Ленин. Неговиот официјален назив, Голема октомвриска социјалистичка револуција потекнува од прославата на 10-годишнината од револуцијата во 1927.
Резултатот од револуцијата било воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.
Почеток на октомвриската револуција
Името Голема октомвриска социјалистичка револуција било официјално за оваа револуција од 1927 година, кога биле прославени десет години од нејизниот успех. Денеска, ова име главно се користи од страна на руските комунисти. Името Црвениот октомври исто така бил користен за да се опишаат настаните од тој месец.
Текот на револуцијата
На 23 октомври 1917 година, болшевичкиот лидер Јан анвелт ги повел своите левичарски револуционери во Талин. На 25 октомври Владимир Ленин ги повел своите сили кон Петроград. Нередите во Петроград биле проследени со мал број на жртви. Болшевиците ги зазеле владините објекти со мал отпор пред конечниот напад на Зимскиот дворец во ноќта меѓу 6 и 7 ноември. Нападот бил предводен од страна на Владимир антоноц-Освенко, а Зимскиот дворец бил под контрола на Козаците. Дворецот бил заземан во околу 2 часот наутро. Датата 7 ноември е земан како официјална дата на Октомвриската револуција. На седницата на ЦК на Болшевичката партија одржана на 23 октомври била донесена одлука да се крене востание на денот на отворањето на Вториот серуски конгрес на советите. На конгресот, „за” гласале десет членови, „против” гласале два члена (Лев Каменев и Григориј Зиновјев), а отсутни биле единаесет членови. 

-Болшевиците на 19 јануари 1918 година го распуштиле Собранието и ја зацврстиле својата власт.