24.11.2012

Есејско прашање

                                                 Македонија меѓу двете светски војни




    Во учебникот за седмо одделение по историја наидов на едно многу смешно прашање "Што е војна и какви се последиците?". Па секако дека тоа е нешто неопишливо и самите солзи се одговор. Верувајте ми јас тоа го научив на потешкиот начин. Една помисла ме врати назад во минатото помеѓу двете светски војни.
    Родена сум во Македонија, Македонка се додека Србија, Бугарија, Грција и Албанија ја искинаа како страница на некој дневник и ја присвоија Јужна Србија, така се викаше мојата старо нова татковина. Семејството, пријателите, целиот македонски народ секојдневно се среќаваше со проблеми од социјален, политички, економски и национален карактер. Се вршеше денационализација и асимилизација каде и да погледнеш. Во училиштата беше воведен јазикот на соседните држави, се вршеше колонизација и што уште не...Не јас ова не можев да го издржам па токму пред да се запишам на факултет се емигрирав во Бугарија. Најмногу беа преселени таму и тие сами имаа формирано друштва употребувајќи го името на ВМРО. Така беше Привременото преставништво, ВМРО Обединета, Автономистичка ВМРО, Илинденско друштво и многуте братства во Бугарија. Работев како курир, па имав контакт со повеќе од националното ослободително движење, а сите се потпраа врз мојата платформа за создавање на Автономна Македонија со своја сопствена нација и јазик, односно Македонија да стане самостојна, автонимна и федеративна единица во рамките на Балканската Федерација. А Балканските земји имале различни одговори на тоа национално ослободително прашање. Еден од многуте мудри луѓе што ги сретнав таму беше Методија Шаторов- Шарло. Како член на комунистичката партија, се залагаше за Македонска сопствена држава со свој сопствен јазик и своја нација. Целата македонска емиграција, односно целиот народ во и надвор од државата свати колку е важно да се афирмира македонската национална свест преку јазикот, односно литературата, весниците (Искра и Билтен), сликарство и музиката. Се појавиле многу македонски писатели како Кочо Рацин, Коле Неделковски, Венко Марковски, Антон Панов, Ристо Крле и многу други. Конечно се вратив во Македонија, односно во Јужна Србија и станав член на МАНАПО- македонско народно движење на студентите. Имавме четири главни цели: будење на македонската национална свест, афирмација на македонскиот јазик, демократизација на земјата и ликвидација на големосрпската и другите хегемонии.
              Сега го знаете одговорот на тоа смешно прашање, преживеав толку многу, а никој не се сеќава на мене. Јас сум ништо, јас сум ветар.

                                                                                                 Александра Гаврилоска VIII-4

                                                                                            

1 коментар:

Напомена: само член на блогов може да објави коментар.